Во Центарот за Култура „Ацо Караманов“ вчера беше одржана централната манифестација од овогодишните 45 по ред „Караманови поетски средби“ во чест на македонскиот Рембо – Ацо Караманов.
Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш во соработка со библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш и Друштвото на писателите на Македонија реализараа богата програма во која на еден мултимедијален начин – со спој на сите уметности се чествуваше ликот и делото на младиот македонски гениј – Ацо Караманов.
Како што е општо познато Ацо Караманов, херојски загинува на 9 Октомври 1944 година на само 17 години храбро, борејќи се за слободата на Македонија. Тој е првиот модерен македонски поет, кој што е особено значаен за македонската модерна поезија, и ги внесува импресионизмот и експресионизмот.
Во програмата на средбите учествуваа триесетина уметници и поети – членови на ДПМ и гости од пет балкански земји, кои се преставија со врвни уметнички дела и креации.
Манифестацијата започна со отварање на Ликовната изложба на Академик „Томе Серафимовски-Скулптури“ и Академик „Славко Јаневски-Ликовни Дела“.
На централната манифестација беше доделана и наградата за најдобра поетска книга по распишаниот анонимен конкурс, a oвогодишен добитник на наградат „Карманов“ е поетесата од Словенија со македонско потекло Соња Цекова-Стојаноска за стихозбирката „Разгранети мисли во пајажина„.
Манифестацијата во име на општина Радовиш ја отвори Секретарот на општината Дрги Стојанов, кој исто така ги додели и наградите за најдобрите.