ТРЕТО МЕСТО ОД РЕПУБЛИЧКИОТ НАТПРЕВАР ПО БИБЛИОТЕКАРСТВО ЗА САЊА ГЕОРГИЕВА

На 16.11.2018 година во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар се одржа деветнаесеттиот Републички натпревар „Млади библиотекари“.

 

На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 21 учесници од основните училишта на Република Македонија. Петчлената комисија во состав: Мариче Боздоганова, претседател, Соња Велјановска, член, Билјана Аџиовска-Пранџарова – член, Златко Бошевски, член и Драгана Коцева, член и претставник од присутните ментори на учесниците ги прегледаа тестовите и утврдија дека на прво место, од вкупно 120 поени е Борче Исакоси од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид со освоени 119 поени, на второ место е Трајче Манчевски од ООУ од „Никола Вапцаров“ – Струмица со освоени 117 поени, и третото место го освои Сања Георгиева.

Од ООУ „Никола Карев“ од Радовиш со освоени 116 поени. Општинската Народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш упатува честитки до Сања Георгиева Од ООУ „Никола Карев“ од Радовиш за освоеното трето место и на нејзината менторка Драгана Коцева.

Голема благодарност упатуваме до домаќините и до Библиотекарсото здружение на Македонија.

 

Општинска Народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш

 





 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза