ПОГОЛЕМА ПОБАРУВАЧКА ОТКОЛКУ ТУТУН ЗА ОТКУП- Започна откупот на тутунот

Со верификацијата на мострите тутун и со определувањето на повереници на откупните пунктови и на вагите, завршија пред скоро една недела подготовките за стартот на откупот на тутунот од годинашнава реколта. 

Според професорот Мирослав Димитриески од Институтот за тутун во Прилеп, каде комисијата за процена вршеше верификација на мострите тутун,  годинашнава реколта е помала, и се очекува тутун со понизок квалитет.

-Оваа реколта тутун е нешто послаба од ланската. Има потфрлување на квалитетот особено во првата и втората берба поради врнежите и влажноста при процесот на сушењето. Во Македонија целокупното производство е исклучиво од ориенталски типови тутун.

Официјално вчера беше означен стартот на откупната кампања на тутунот од годинашнава реколта, на откупниот Пункт на Прилепскиот комбинат. Тутунарите очекуваат да поминат добро со процената и да добијат подобра цена од минатогодишната.

Како што изјави министерот за земјоделство се очекува стабилен откуп на тутунот, има 195 откупни пунктови и се очекува родот да не биде помал од 23.500 тони. Тој истакна дека засеани се 14.802 хектари тутун а склучени се 34.104 договори, со 9 откупни претпријатија, што е за 4.700 договори повеќе од лани и на околу 400 хектари повеќе.

 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза