ППК РАДОВИШ ЕСЕНСКИ ШАМПИОНИ ВО ПРВАТА ЛИГА

Денес екипата на Пинг Понгарскиот клуб ,,Радовиш” гостуваше во Кочани кај истоимениот Пингпонгарски клуб и забележа убедлива победа со резултат од 4:0, воедно кое и претставуваше и шлаг на есенскиот дел од сезоната 2018/2019 каде се сретнаа двете непоразени екипи до оваа коло.

Нашата екипа покажа дека има квалитет во играчкиот кадар за да нашите натпреварувачи се натпреваруваат со најдобрите осум екипи во Супер Лигата на Македонија воедно да напоменеме дека во последните десетсезони четити сезони и беше и дел од оваа лига а минатата година од главно финансиски причини мораше да се натпреварува во најнизок ранг со што оваа сезона наместо да се натпреварува во Супер Лигата нашиот клуб се натпреварува во Првата Лига.

Со оваа победа сега нашиот клуб е на чело на табелата со седум победи од исто толку одиграни натпревари. Се гледаме напролет. 

 

ППК Радовиш





 

 

 

Related Articles

Временска прогноза