Во понеделник во Центарот за култура со почеток од 11.00 часот, ќе се одржи промотивен настан од проектот наречен ‘Екосистемски-базирани решенија за намалување на ризици од катастрофи“.
Инаку проектот наречен ‘Екосистемски-базирани решенија за намалување на ризици од катастрофи‘, насочен е кон намалување на ризици од природни непогоди, пред се поројни поплави, свлечишта, ерозии на земјиште и шумски пожари.
Целта на проектот е преку употреба на екосистемски-базирани решенија да се намалат силните влијанија од овие непогоди, преку пошумување, во комбинација на минимални градежни зафати, како изградба на потпорни ѕидови, а ќе се садат посебни видови садници кои имаат големи корени“
Со пари и стручен тим од Агенцијата за меѓународна поддршка на Јапонија ќе се пошумуваат Водно, Радовиш и Велес, за да се намалат ризиците од поплави при поројни дождови и свлечишта на земјиштето.
На првата локација во Радовиш, во горниот тек на Радовишка река, е утврдено дека падините се голи и секој дожд со голема брзина се слива во коритото на реката што предизвикува поплави – истакнуваат од JICA.