РК РАДОВИШ ВО ДЕНЕШНИОТ НАТПРЕВАР УБЕДЛИВ ПРОТИВ ГРК БОРЕЦ

Во денешниот натпревар од 9-то коло во Супер ракометната лига на Македонија РК Радовиш со убедлива победа ја совлада екипата на ГРК Борец од Велес.

Во текот на целиот натпревар напите ракометари ја зголемуваа предноста, со што второто полувреме тренерот Љупче Мијалов го одигра со младинскиот состав на нашиот клуб и им даде шанса на младите ракометари кои ја задржаа таа двоцифрена предност и гол разлика.

Во спортската сала имаше и оваа коло голем број на гледачи кои го бодреа нашиот ракометен клуб, а посебен декор на натпреварот дадоа нашите „Лебари“ со громогласното навивање и бодрење.

Веќе оваа сабота исто така на домашен терен РК Радовиш ја пречекува екипата на РК Вардар Јуниор, и походот кон нова победа ќе можеме да го проследиме во сабота, но и реваншот за насреќниот пораз од оваа екипа во Скопје.  

 

РК РАДОВИШ – ГРК БОРЕЦ 45-34 (22-14)

ФОТО ГАЛЕРИЈА





 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза