По повод Месецот на книгата, во Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” започна продажниот саем на книгата кој десетти пат по ред се одржува во Радовиш.
Инаку, на саемот, по доста ниски и прифатливи цени, изложени се поголем број на најнови изданија на интересни и барани наслови на книги од издавачки куќи кои љубителите на книгата ќе можат да ги разгледат до 16 Ноември.
Во присуство на поголем број љубители на книгата и заинтересирани граѓани денес на првиот ден од овој саем, со мала свеченост на отварањето во име на општина Радовиш поздравно обраќање имаше Секретарот на општина Радовиш Драги Стојанов, кој истакна дека преку овој „Саем на книгата“ пишуваниот збор е поблиску до љубителите на книгата во нашиот град, каде што можат да ги видат најновите наслови и директната понуда на најновите книги од белетристика, детска литература и сликовници.
Продажниот саем на книгата по единаесети пат се одржува во Радовиш.