ОДРЖАНА СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ, ПО ПОВОД „6-ТИ НОЕМВРИ“- ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА РАДОВИШ

Денес беше одржана свечената седница на Советот на општина Радовиш, по повод 6-ти Ноември-Денот на ослободувањето на градот Радовиш.

Советниците на оваа седница работеа со Дневен ред од четири точки.

Свечено обраќање пред присутните имаа Претседателот на Советот Коле Чаракчиев и Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов по повод „6-ти Ноември“ – 74 години од ослободувањето на Радовиш.

Потоа се продолжи со одобрување на Предлог-Одлука за доделување на општинските награди и признанија по повод празникот „6-ти Ноември“ – 74 години од ослободувањето на Радовиш.





 

 

Related Articles

Временска прогноза