КИДНАПИРАЛ, И ОБЉУБИЛ ТИНЕЈЏЕРКА

Во четвртокот во Полициска станица Штип приведен и задржан е 30-годишниот С.С. од село Бучим.

Лицето е лишено од слобода поради сомнение дека на 31.10.2018 година заедно со уште три непознати лица насилно ја внеле во возило 18-годишната Ј.А. од село Јунузлија општина Карбинци по што ја однеле во куќата на братот на С.С. во село Бучим.

Според пријавата на Ј.А., С.С извршил обљуба врз нејзе. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од МВР.

 





 

 

Related Articles

Временска прогноза