БИТОЛЧАНИ ОЧЕКУВАНО ГО СОВЛАДАА РК РАДОВИШ

Лидерот на табелата Ракометарите на Еурофарм Работник ја запишаа 11 победа во Супер-лигата, на гостувањето во Радовиш и славеа со убедливи 25-43 во мечот од 12. коло. 

РК Еурофарм Работник во овој натпревар кој беше одложен претходно поради настапите на гостите во Европскиот куп во Швајцарија, беше доминантен во првото полувреме кое заврши со резултат 11:21, а вториот дел од средбата беше формалност. 

РК Радовиш одигра еден нормален натпревар, каде што тренерот им даде и шанса на младинците да бидат дел од оваа брза и динамична игра. 

Вреди да се спомне дека овој натпревар од страна на управата и ракометарите на РК Радовиш, беше посветен за малата Стефанија Петрова. Каде што на влезот волонтерите од Црвениот крст од ОО Радовиш собираа помош за оваа мало девојче.

Веќе во Сабота РК Радовиш во Срц 25 мај во Радовиш го игра последниот натпревар на домашен терен за оваа полусезона против екипата на РК Прилеп.


РК РАДОВИШ – РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК    25:43 (11:21)

Сала: 25 Мај во Радовиш. Гледачи: 400. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

РАДОВИШ: Паунов, Мицев, Тушев, Атанасов, Илиев 7, Долдуров, Колоски 5, Ѓорѓиев, Симиќ 1, Ристов 1, Органџиев, Димов 3, Бујиќ 8.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 2 мин.

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Чаневски, Трајкоски, Иваноски, Ојлески 4, Пецаковски, Талевски 6, Чурлевски 3, Мемиќ 3, Кузмановски 5, Кукоски 2, Крстевски 2, Граџан 9, Ѓукиќ 7, Петровски 1, Блажевски, Каковски 1.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 2 мин.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 






Related Articles

Временска прогноза