ДЕНОТ НА ТУРСКАТА НАСТАВА ВО МАКЕДОНИЈА „21 ДЕКЕМВРИ“-ОДБЕЛЕЖАН СО СВЕЧЕНОСТ

Настава на турски јазик во Македонија  се изведува од далечната 1944 година.

Со измените на законот за празници на Македонија – 21 декември е прогласен за ден на настава на турски јазик како празник за припадниците на турската заедница во Македонија. 

По повод  „Денот на турската настава во Македонија“  вчера во ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш, беше одржана свечена приредба, организирана од страна на Здружението на Турците од Источна Македонија и ООУ „Никола Карев“ од Радовиш.

На свеченоста, свои настапи имаа и  фолклорни групи составени од ученици, многубројни рецитатори на литературни творби, исто така учество зедоа и други фолклорните групи.

Исто така беа доделени награди од литературниот конкурс во рамките на меѓуетничка интеграција во образованието и ликовниот конкурс. 

По повод  „Денот на турската настава во Македонија“ на вчерашната прослава присуствуваа и високи делегации од Република Турција и од нашата држава.

 

 

 



 

 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза