КРИВИЧНИ ЗА ЛИЦА ОД ЛИПОВИЌ КОИ КРАДЕЛЕ ДРВА ОД ПАРЦЕЛА НА НИВЕН СОСЕЛАНЕЦ

Кривична пријава против двајца жители на селото Горни Липовиќ,  поради сомнение за сторено кривично дело кражба.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против С.М.(44) и Ј.Д.(59), двајцата од село Горни Липовиќ, општина Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба”.

Како што информираат од МВР, во периодот од октомври 2018 година до 06.11.2018 година во атар на село Горни Липовиќ, на место викано „Чукана Рж“, од парцела сопственост на С.Р. од село Горни Липовиќ, пријавените одзеле 30 метри кубни необележани дабови и габерови дрва, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу   72.000 денари.

 






About the author /


Related Articles

Временска прогноза