Претседателот на државата Ѓорге Иванов одлучи да помилува 16 осудени лица по повод новата 2019 година.
Во одлуката пишува дека делумно се ослободуваат од гонење 16 лица во различно времетраење од 2 до 6 месеца.
Осудените се oд Битола, Валандово, Скопје, Ресен, Неготино, Струмица, Радовиш, Гостивар… Во одлуката објавена „Службен весник“, нема целосно ослободување на осудените лица.