РК РАДОВИШ СО ПОБЕДА ПРОТИВ РК ПРИЛЕП

РК Радовиш денес во 13-то коло на домашен  терен ја совлада екипата на РК Прилеп.

Во првото полувреме играта беше изедначена, се до последните минути, кога беше супериорна нашата екипа без грешки и се направи разлика со која се замина на пауза.

Второто полувреме нашите ракометари продолжија со добрата игра, и неколкуте одбрани на голманот Славјан Паунов им создаде шанса за поголемо водство.

Со оваа втора победа оваа полусезона против РК Прилеп во последниот натпревар на домашен терен нашите ракометари покажаа дека и во вториот дел од сезоната нема да им биде лесно на другите екипи во Радовиш и секој бод ќе се брани храбро со цел до повисок пласман во Супер лигата и избегнување последните позиции.

Управата и ракометарите и овој натпревар го посветија за малата Стефанија, дечињата од ОО Црвен Крст беа присутни на влезот во спортската сала каде што посетителите донираа за Стефанија.

РК РАДОВИШ – РК ПРИЛЕП 30-25 (13-11)

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 

 






About the author /


Related Articles

Временска прогноза