На 25.12.2018 год., Вторник со почеток во 12:30 час., во салата на Советот на општина Радовиш беше одржана деветтата редовна седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
На седницата присуствуваа Градоначалниците на општините Радовиш, Конче, Струмица, Гевгелија, Дојран, Босилово и Валандово, претставници од општините Богданци и Василево и Ново Село, како и претставниците од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
На седницата беа усвоени Финансискиот план за работа на ЦРЈИПР за 2019 година, како и Акциониот план за 2019 година за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019.