УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Во просториите на ЕЛС Општина Радовиш беше одржан состанок  по иницијатива на Претседателот на Совет на Општина Радовиш и директорот на ЈП Плаваја на кој присуствуваше и Градоначалникот на Општина Радовиш со Претседателите на неколку месни заедници од општина Радовиш.

Целта на состанокот е запознавање на Претседателите на месни заедници во општина Радовиш со идејата за начинот на организирано  распоредување на комунална опрема-контејнери за собирање и транспортирање комунален отпад од населените места,чија комунална услуга е во надлежност на ЈП Плаваја ,со што ќе се спречи неконтролирано загадување на околината со отпад, создавање диви депонии и заштита и унапредување на животната средина и природата.

Меѓу другото,на состанокот беше истакнато дека овој реален проблем со кој се соочуваат граѓаните од општината  кој се провлекува низ годините треба да се реши  со подигањето  на свеста кај граѓаните за зачувување на чиста животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење кој треба да претставува важен императив за сите  нас и идните генерации.

 



 

 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза