АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ОД „УЈП“

Од Управата за јавни приходи апелираат до граѓаните да побрзаат и да се пријават во електронскиот систем за
пријавување данок.

Според достапните податоци на само месец пред истекот на крајниот рок не се регистрирале
ниту половина, бидејќи ваква обврска имаат околу 900.000 граѓани а засега свои пријави поднеле само 380.000
граѓани.

УЈП ги информира граѓаните кои од какви било причини се спречени лично да дојдат во даночните
канцеларии на Управата, да се пријават на контакт телефоните на УЈП со цел регистрацијата да се изврши во нивните домови заклучно крајниот рок кој истекува на 31.12.2018 година.

Инаку, УЈП ги ослободи пензионерите од оваа обврска доколку пензијата е нивниот единствен приход. Но, околу 45.000 пензионери, кои имаат и дополнителни примања по кој било основ, сепак мора да се регистрираат во системот на УЈП.

 

Управа за јавни приходи

 


 





 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза