ПРЕМИЕРА НА „БИСЕРА ПАТУВА НИЗ БАЈКИТЕ“

Премиера на најновата театарска претстава „Бисера патува низ бајките”, на 27 декември,четврток, во 17:00 часот во Центарот за култура „Ацо Караманов“, со вредни и талентирани ученици од 7 одд.

Во претставата станува збор за тажната и безнадежна судбина на едно денешно девојче со кибритчиња, идентична или слично како кај Андерсен, но, за разлика од трагичниот крај во неговата бајка, во оваа претстава несреќата се крунисува со среќа, а тој што волшебното го чини тоа е чудниот и чудесниот Петар Пан, кој го поведува девојчето кон бајките за Црвенкапа и Гускарката

Вистинско уживање за најмладите, кои ќе имаат прилика интерактивно да учествуваат во претставата заедно со актерите. Повелете, драги радовишани и поведете ги вашите деца на несекојдневно предновогодишно уживање во прекрасната изведба на актерите низ шаренило од ликови,раскошна костимографија и современ декоративен драмски амбиент.

Играат: Верче Постолова,Столе Трајанов, Мартина Газепова, Илија Атанасов, Иван Јанев, Лука Трајанов, Мери Васева, Памела Тасева, Петар Тасев, Добрилка Ѓоргиева, Методи Божинов, Ана Дулева, Саамил Асанов, Анастасија Поцева, Марија Василева, Семих Садилов и Раде Ефтимов.

Избор на музика, тон и тонски ефекти, како и светлосни ефекти и видео анимација: Фенчо Петровски
Режија: Томе Постолов

 



 

 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза