НОВА ОПРЕМА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СНЕГ

ЈП Плаваја денес ја пушти во функција новата набавена опрема за чистење на снег, која се состои од Трактор со приклучна механизација, Даска за чистење на снег, Соларка-расфрлувач на сол и песок.

Исто така со оваа спомената опрема има уште две нови приколици кои ќе се користат за други намени.

Во општина Радовиш како и во цела Македонија денес имаше интензивни врнежи од снег и паралелно се расчистуваат улиците со дополнителна механизација и посипуваат со сол и ризла.

 



 

 



Related Articles

Временска прогноза