ЕДНА ГОДИНА „НОТАРСКА ГОЛГОТА“ ВО РАДОВИШ

Помина веќе една година, каде што граѓаните на општините Радовиш и Конче за нотарски услуги мора да патуваат во Струмица, и се изложуваат на дополнителни трошоци и губење време.

 

Иако јавно се реагираа цела година до надлежните конечно да се реши овој проблем, од нив уште нема официјална информација кога ќе биде пополнето испразнетото нотарско место за овие општини, каде што живеат преку 30 илјади жители.

Една година за нотарски услуги граѓаните од Радовиш и Конче одат во Струмица

Од 2017 година во декември, поради пензионирање на претходниот нотар, Радовиш остана без овластено нотарско лице, па со одлука на Нотарската комора и Министерството за правда, работата за ова нотарско подрачје да ја врши нотар во Струмица, а во договор со странките да оди и во Радовиш.

 

 

 



 



 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза