ОДРЖАНА ДИСЕМИНЦИСКА СЕСИЈА СО УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ„КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ ОД РАДОВИШ

На ден 30.01.2019 год во ООУ„Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш се одржа дисеминциска сесија.

Сесијата беше прилагодена за дечиња од 7-8 години, кои преку игра, разговор и дискусија, боење на амблемот се запознаа со организацијата и работата на Црвениот крст, како и развивање на чувства за емпатија, солидарност и помагање на другите.

„Ние како Црвен крст имаме должност нашите најмали членови на општеството уште од мали нозе да ги учиме на хуманост и солидарност со другите, како единствени предуслови за градење на здраво и хумано општество“ известуваат од ОО Црвен крст Радовиш

Дисеминациската сесија беше спроведена од страна на обучен ПХВ дисеминатор Новка Велева.“

 

ОО Црвен крст Радовиш



 

 



 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза