ПОСКАПУВААТ БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ ОД ВЕЧЕРВА

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,5 денари за литар, и со тоа новите цени од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат 61, односно 63 денари.

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари на 58,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува 4 денари на 47,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,573 денари и со тоа новата цена изнесува 29,522 денари за килограм.

 



 



 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза