ПОЛАРНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА. ВО РАДОВИШ ИЗМЕРЕНИ -15 СТЕПЕНИ

Во Македонија, утрово се измерени -21 степени.

Под нулата е насекаде во Македонија. Според прогнозата на УММР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов.

На планините е формирана снежна покривка која е највисока во Маврово 66 сантиметри и во Крушево 27 см.

Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до -18 степени. Дневните температури скоро насекаде ќе бидат под нула.

Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување

Во Радовиш утрово беа измерени температури -15 степени, најниска температура е измерена во Берово, -21 степени, а во Скопје утрово е измерена температура од – 12 степени.

 



 

 



 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза