ППК РАДОВИШ ГО ЗАПОЧНА ПРВЕНСТВОТО СО ДВЕ ПОБЕДИ

Екипата на ППК Радовиш во продолжението од првенството после двомесечната пауза, ги одигра 8-то и 9-то коло  во Пингпонгарската прва лига на Македонија.

Противници беа Пингпонгарските клубови на Борец Тим од Велес и Струга од Струга, каде што нашата екипа забележа две победи против двете екипи со резултат од 4:2 односно 4:0. За нашата екипа ППК Радовиш настапија: Марјан Крстев, Милчо Чачаров, Гоце Димоски и Венко Стојанов.

Следните две кола се играат следниот викенд во недела на 3 февруари во Скопје исто така во СЦ „Форца”.


Резултати Прва лига:

8. коло:
Студент – Струга 1:4
Борец ТИМ – Радовиш 2:4
Кочани – Пошта 2 4:0
Дебар Маало – Пелистер 4:0

9. коло:
Дебар Маало – Студент 3:4
Пелистер – Кочани 0:4
Пошта 2 – Борец ТИМ 4:0
Радовиш – Струга 4:0.

Табела Прва лига: Радовиш 18, Кочани 17, Пошта 2 15, Дебар Маало 14, Струга 13, Пелистер 11, Борец ТИМ 10, Студент 9.


Да напоменеме дека во Есенскиот ден на сезоната 2018/2019 нашиот клуб е без пораз во Првата Пингпонгарска лига каде играчите Венко Стојанов (со 10 победи од исто толку одиграни мечеви) и Гоце Димоски (со 9 победи од 9 одиграни натпревари) ги завземаат водечките позиции во оваа првенство



 

 



 

 

Related Articles

Временска прогноза