ПРОДОЛЖУВАAТ АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ПРОЕКТОТ „Еко-ДРР“

Денес во просториите на општина Радовиш беше одржан работен состанок од Еко-ДРР проектот за градење на капацитети за еко системи базирано на намалување на ризикот од катастрофи, преку одржливо стопанисување на шумите.

На овој состанок беше разговарано за главните работи кои ќе треба да се реализираат во оваа 2019 година, и активностите кои ќе се спроведуваат во перидот кој претстои на локацијата-односно територијата на село Коџалија.

Присутни беа Matoyuki Nishida-претставник од JICA,  Стевко Стефаноски-координатор на проектот од ЦУК, Сашо Димитров-координатор од JICA, Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на Советот-Коле Чаракчиев, советниците Енис Омер и Игор Петков, секретарот на општина Радовиш-Драги Стојанов, претставници од ЈП Македонски шуми, РЦУК, и месната заедница од Коџалија.

Претставниците од општината и од имплементаторите на проектот JICA во текот на денот уште еднаш ја посетија микро локацијата пред да отпочнат главните активности на проектот.

Крајниот резултат од овој проект ќе биде изграден капацитет за намалување на ерозијата и количини на наносен материјал во речното корито на Радовишка река, а предвидено е, во Радовиш проектот да се реализира до 2022 година. По завршувањето на проектните активности, крајни корисници за превземање на обврските ќе бидат Центарот за управување со кризи и ЈП „Македонски Шуми“.

Овој проект, кој се реализира преку Балканската канцеларија на меѓународната агенција за развој и соработка од JICA од Јапонија а во соработка со Центарот за управување со кризи и Јавното претпријатие „Македонски шуми“, општина Радовиш е избрана како пилот-општина во која ќе се реализира истиот.

 


 

 



 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза