ФК ДЕТОНИТ ОДИГРА КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР СО ЛИДЕРОТ ФК БОРЕЦ

ФК Детонит кој своите подготовки за пролетниот дел од првенството ги започна на 16 јануари, денес го одигра првиот контролен натпревар во Велес со есенскиот шампион од Втората фудбалска лига (Исток) ФК Борец.

Во една рамноправна игра каде што резултатот не беше важен, денес беше одигран еден квалитетен натпревар пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.

Овој натпревар заврши со резултат од 1-0 за домаќините, но најважно од се е тактичката подготовка и воигрувањето на екипата за претстојните натпревари кои следуваат од регуларниот дел од првенството- истакнуваат од ФК Детонит.

ФК Детонит во следниот период ќе одигра уше неколку контролни натпревари, а исто така е планиран контролниот натпревар со екипата на ФК Кит-Го кој беше одложен минатата недела поради неповолните временски услови и врнежите од снег.

 

 

 



 

 



 

 

Related Articles

Временска прогноза