ГАСИФИКАЦИЈА НА РАДОВИШ – ОПШТИНА РАДОВИШ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА ГАСОВОДНА МРЕЖА

Општина Радовиш издвои средства за изработка на проектна документација, со која е предвидено да се изгради гасоводна мрежа во Радовиш во должина од 7 километри.

Договорот со најповолниот понудувач беше потпишан минатата недела, со што е создадена можност за комплетирање на идејниот и основниот проект во летниот период од оваа година.

Скопската фирма „Филбис“ има рок од 6 месеци за да ги изготви идејниот и основниот проект, со вклучена ревизија, за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Радовиш.

Радовиш е еден од градовите во земјава што не се вклучени во првата фаза од изградбата на магистралните гасоводи, која што ги вклучува трите проекти: Скопје-Тетово-Гостивар, Штип-Неготино и Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола.

Радовиш треба да се поврзе со магистралниот крак во следната фаза, со која што во 2021 година. може да се поврзе на магистралниот гасовод.

 

Општина Радовиш



 



 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза