ВО РАДОВИШ ОДРЖАНИ НАТПРЕВАРИ ОД ПРОЕКТОТ „ЗИМСКИ ФУДБАЛСКИ РАДОСТИ“

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Федерацијата на Училишен спорт на Македонија стартуваше со новиот проект наречен „Winter football joys – Зимски Фудбалски Радости“ во кој се вклучени 80 основни училишта од Република Македонија, а во кои ќе учествуваат повеќе од 2800 деца на возраст од 7 до 10 години.

Денес во спортската сала “25 Мај“ во Радовиш се ораганизираа фудбалските натпревари за учениците од второ и трето одделение предвидени од проектот.

Во натпреварите учество земаа екипите од ООУ “Никола Карев“ и ООУ “Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш и екипата на ООУ “Орце Николов“ од село Ињево.

 



 

 



 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза