Во рамките на проектот Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ, спроведуван од страна на ЦНВП Македонија и Мрежата за рурален развој, денес беше одржан настан поврзан со промоција и спроведување на ЕРАЗМУС +, европска програма во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Македонија, кој ќе се одржа во просториите на Хотел Сириус во Струмица.
На овој регионален форум учество зедоа ученици од Радовиш, Струмица и регионот, студенти, претставници од училишта од основно и средно образование, претставници од невладиниот сектор, претставници од високообразовни институции, како и претставници од општините.
Презентерите од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност споделија повеќе информации во врска со можностите и бенефитите кои се дел од програмата Еразмус+ во областа на училишно и високо образование и областа на млади.
Програма Еразмус е двигател на модернизацијата на високото образование во Европа и го инспирираше воспоставувањето на Болоњскиот процес, и има за цел да придонесе за развој на Европа како напредно општество на знаење со одржлив развој, оголема општествена кохезија и подобри работни места за своите граѓани.
Со цел постигнување на овие цели, програмата поттикнува размена, соработка и студентска мобилност на подрачјето на Европа. Академската мобилност им овозможува на студентите размена на образовно искуство во поинаква академска, културна и општествена средина.
Како резултат на тоа, студентите кои оствариле студентска мобилност ги зголемуваат своите можности за вработување, се зголемува општествената свест кај поединците, како и нивото на толеранција и свесност за потребата од борба против сите облици на дискриминација.