РК РАДОВИШ ГО ЗАПОЧНУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВОТО

Ракометниот клуб Радовиш одлично го помина подготвителниот период за пролетниот дел од сезоната, кој ќе започне на 2 март.

Во овој подготвителен период РК Радовиш одигра и два контролни натпревари, кои и двата ги добивме. Првиот го одигра во Струмица против екипата на РК Астраион, каде со резултат од 23:30 нашата екипа запиша победа. Вториот контролен натпревар РК Радовиш го одигра во Кавадарци, против ГРК Тиквеш, каде исто така нашата екипа победи, со резултат од 33:41.

Нашите млади ракометари кои се натпреваруваат во младинската лига, одлично се подготвија во подготвителниот период и веќе одиграа 3 кола од пролетниот дел. Кадетите на РК Радовиш пролетниот дел од кадетската лига ќе го започнат на 22 март.

Сениорската екипа веќе во сабота го започнува пролетниот дел од лигата, со натпреварот против РК Пелистер од Битола.

 

 



 





 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза