МАНИФЕСТАЦИЈА „ЗДРАВО ЖИВО БАБА МАРТА“

Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во соработка со Општина Радовиш, се вклучува во одбележувањето на Јубилејот „1000 години Радовиш“ со манифестацијата „Здраво живо Баба Марта“ која ќе се одржи на ден 01.03 2019 г. (петок), со почеток во 12 часот во просториите на библиотеката.

Манифестацијата ќе започне со отварање на традиционална меѓународна изложба на мартинки од Македонија и Бугарија, предавање за значењето на Мартинките и нивната традиција во Македонија и Бугарија, работилница за деца – правење на традиционални мартинки.

Настанот ќе биде збогатен со настапот на Јовица Илиќ и неговата изведба „Радовиш е само песна“, двогласно пеење со сплет од изворни песни, драмолетка „Приказната за мартинката“.

Подарете мартинка за среќа, љубов и здравје.

 

Погледнете ја програмата …

Библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш

 

 



 





 




Related Articles

Временска прогноза