ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ОД ТУРСКАТА ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА И ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Турската Црвена полумесечина на 03 февруари 2019 година, дистрибуираше дел од хуманитарна помош на 125 семејства во село Бучим.

Целокупната хуманитарна помош од 10 тона е донација на Турската Црвена полумесечина. Повеќе од 6.000 различни предмети на облека, како што се обувки, маици, панталони, џемпери, јакни беа поделени во пакети според возраста.

Во наредниот период се планира да се додели и останата хуманитарна помош.

 



 

 



 

 

Related Articles

Временска прогноза