Во рамките на вториот дел од набавката на опрема, за потребите на ТППЕ Радовиш, Градоначалникот Герасим Конзулов изврши примопредавање на високозаштитни комплет-одела, заштитни чизми, гумени чизми и друго, неопходни при интервенирање на ТППЕ Радовиш.
Опремата е изработена според пропишаните прописи и стандарди на ЕУ.
Претходно беше предадена опремата од висококвалитетни изолациони апарти за дишење, мобилни радиоврски, грбни прскалки, електрични и моторни пумпи за црпење вода, млазници и батериски лампи.
Извор: Општина Радовиш