Претставува лист од растението Ocimum basilicum и се користи како зачинска билка, гарнир за повеќе различни јадења, но и за подготовка на чај.
Други имиња: босилок, фасидијан, маслиџан Англиски: basil.
Неизоставен дел е од подготовката на речиси сите јадења, како во традиционалната македонска кујна така и во интернационалната кујна. Босилекот е една од најспецифичните зачински билки, која освен во јадењата, се користи и против многу заболувања бидејќи има широка палета на лековита моќ.
Првобитен дом на босилекот е Индија. Оддамна, уште пред 5500 години го познавале Египќаните, за што зборуваат и остатоците на билката пронајдени во гробниците на фараоните од тој период.
Босилекот е позната и ценета билка за лек и како зачин. За одгледување на растението потребно е тло богато со хумус, како и сонце и заштита од ветришта. Билката е особено чувствителна на ниски температури, а не поднесува ниту поливање со студена вода.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови