Денес во Македонска Каменица ФК Детонит отиде по трите бода, и ги освои!
Натпреварот од 17 коло против екипата на ФК Саса за нашата екипа беше од големо значање бидејки им се потребни бодовите во борбата за опстанок. Фудбалерите на ФК Детонит во денешната средба беа „експлозивни“ во текот на целиот натпревар, за жал што само постигнаа два погодоци, но можеше да бидат барем 5-6.
Честитки за стручниот штаб и фудбалерите.
Стрелци за ФК Детонит беа Ѓорге Глигоров и Андреј Симевски.
ФК САСА – ФК ДЕТОНИТ 0-2 (0-0)
*Слика ФК Детонит- Победничко селфи после натпреварот во Македонска Каменица.