ИВИЦА ИЛИЕВ, РАКОМЕТАРОТ НА РК РАДОВИШ НАЈЕФИКАСЕН ВО ПРВЕНСТВОТО

Ракометарот на РК Радовиш Ивица Илиев е најефикасниот играч во суперлигашкото ракометно натпреварување во земјава.

На едно коло до крајот на првиот дел од првенството, Илиев во дресот на РК ,,Радовиш’’ има постигнато фантастични 184 голови што преставува повеќе од 10 голови по меч ако се знае дека одработени се 17 кола и е далеку пред останатите стрелци. Во улога на организатор и среден бек, Ивица Илиев е моторот на радовишани а ефикансноста е резултат на тимската игра, вели тој.

,, На секој натпревар давам максимум и головите доаѓаат сами по себе. Огромен придонес имаат и моите соиграчи кои максимално ме подржуваат за големиот број голови. Навистина не водам евиденција на кој натрепвар сум бил најуспешен, дали тоа било од игра или седум метри. Сметам дека во ракометот не е битна индивидуалната туку тимската работа’’, изјави за Дрнка.МК најефикасниот во првенството Илиев.

Целосното интервју може да го прочитате на порталот drnka.mk

 



 





 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза