12.03.2019 Вторник
Викендот што измина радовишките спортски клубови имаа свои настапи со своите првенствени натпревари.
Фудбалските клубови, кои се натпреваруваат во Втората фудбалска лига ги имаа своите деби натпревари во пролетниот дел од првенството.
ФК Плачковица гостуваше во Велес, кај лидерот ФК Борец и сигурен патник во највисокитот ранг на натпреварување Првата фудбалска лига и загуби со резултат 3-0. Возбудливо беше во Радовиш на градскиот стадион каде што ФК Детонит го одигра натпреварот со второпласираната екипа во лигата исто која се бори за влез во Првата фудбалска лига, екипата на ФК Тиквеш од Кавадарци каде што имаше неизвесност до самиот крај на натпреварот кој заврши со нерешен резултат 1-1.
После првото коло од пролетниот дел на првенството во втората фудбалска лига ФК Плачковица е на шестата позиција со 15 бода, додека ФК Детонит е на осмата позиција со 11 бода.
Следното коло 16. кое ќе се одигра во сабота од 14:30 часот, на градскиот стадион во Радовиш ФК Плачковица ќе го одигра натпреварот со ФК Кожуф, додека ФК Детонит гостува во Штип на домашната ФК Брегалница.
Ракометарите на РК Радовиш, во саботата го одиграа првенствениот натпревар во Супер ракометната лига и гостуваа во Скопје на екипата РК Пролет, нашите ракометари претрпеа пораз со резултат 40-30, полувреме 20-16.
Веќе во среда на 13.03.2019 година, во Срц 25 мај во Радовиш, во 17 коло нашите ракометари ја пречекуваат екипата на РК Бутел. Натпреварот е закажан за 19.00 часот.
Младите ракометари на РК Радовиш во неделата исто така беа домаќини и го одиграа натпреварот против младинската екипа на РК Пелисте, овде нашите ракометари претрпеа пораз со резултат 20-29, полувреме 09-15.