Екипите на изведувачот ја завршија првата фаза од акцијата за санирање на ударните дупки на градските сообраќајници- информираат од општина Радовиш.
Санирани се најоштетените делови на асфалтот на булеварот Александар Македонски и други кртични сообраќајници во градот. Во склоп на акцијата е саниран и пристапниот пат до ЈП Плаваја.
Во наредните денови ќе се продолжи со санација и на другите критични места според Програмата за одржување на улици. Овие активности на општината се во склоп на претходно склучениот договор за одржување, реконструкција-надградба на постоечкиот асфалтен коловоз низ градот и населените места.