СЛЕДУВА УШТЕ ЕДЕН БОГАТ СПОРТСКИ ВИКЕНД

Викендот што претстои е голем за нашите спортски клубови кои се натпреваруваат во лига натпреварите.

Започнуваат фудбалерите на ФК Плачковица кои ќе го одиграт натпреварот со штипска Брегалница на градскиот стадион во Радовиш, натпреварот е закажан за 14.30 часот во сабота.

Продолжуваат кадетите на РК Радовиш во натпревар на домашен терен во сабота со почеток од 17.30 часот.

Во сабота исто така натпревар на гостински терен ќе одигра ФК Детонит, и тоа во Македонска Каменица против домашната ФК Саса.


Женскиот фудбалски клуб Плачковица во 16 коло од Првата фудбалска лига во недела гостува на екипата ЖФК Драгон, натпреварот е закажан за 14.00 часот.

Во недела продолжува сениорската екипа на РК Радовиш кој започнува со разигрувањето во Плеј-аут од Супер ракометната лига на Македонија, во Радовиш ни гостува екипата на РК Струга.

Од спортските клубови упатуваат покана до сите љубители да бидат дел од овие спортски збиднувања и им дадат поддршка на спортистите.

 



 

 




 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза