ПРЕД РАДОВИШАНИ “НИШТО БЕЗ ТРИФОЛИО”

Во понеделник 25 март,  пред Радовишани ќе биде претставена театарската претстава „Ништо без Трифолио“

„Ништо без Трифолио“ во режија на Коле Ангеловски е весела комедија која со својата динамика и кохерентна структура носи силен пулс на современоста. Авторот Русомир Богдановски го нарекува ова свое дело „комедија во грчко-римски стил напишана.

Сите сплетки и недоразбирања произлегуваат од една основна тема – потрагата по љубов, и сè што се случува на сцената е поврзано со љубовта. Богот Амор е двигател на дејството, а Трифолио, интелигентен и снаодлив, управува со ситуациите и ги држи сите конци во своите раце. Трифолио ја наоѓа мотивацијата во својот непоправлив хедонизам, а оттаму произлегува и комичноста. Сложеното и вешто водење на двојните заплети, забуните, богатството на карактерите, нивните слабости и проблеми, специфичниот и богат јазик – сите овие елементи создаваат претстава во која ќе ги препознаеме современите семејни и љубовни проблеми на младите, но и на постарите.

Режисерот Коле Ангеловски вели дека овој текст бил дебитантски пред 30 година, но и сега е актуелен и интересен.

Играат Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Илија Волчески, Александар Тодески, Марјан Чакмакоски, Димитар Црцороски, Димитар Ѓорѓиевски, Марија С.Илиеска  и Михајло Миленкоски.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите ги изработи Раде Василев, а музиката е на Томе Темелкоски. Автор на кореографијата е  Кире Миладиноски.

 

 



 

 




 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза