РК РАДОВИШ СО ПОБЕДА ВО ВЕЛЕС

РК Радовиш во последното коло од регуларниот дел на првенството забележа убедлива победа во Велес против домашната екипа на ГРК Велес со резултат 24-47 (11-23).

РК Радовиш покрај оваа победа, сезоната ќе ја доигра во плеј-аутот, заедно уште со РК Струга, РК Вардар Јуниор, РК Прилеп и РК Охрид.

Во вчерашниот натпревар од почетокот се увиде дека Борец нема шанси на овој натпревар. Почетните 2:2, РК Радовиш тргна силно и се одвои на 10:4. Убедливоста во играта на нашите ракометари продолжи. Уште во првото полувреме  обезбедија двоцифрена предност, а на пауза се замина со 23:11.

 До крајот РК Радовиш продолжи со истото темпо постигнувајки 47 погодоци.

Јован Ѓорѓиев со десет гола и Кристијан Ристов со девет, додека кај РК Борец Јован Атанасовски погоди седум пати .

 



 





 




Related Articles

Временска прогноза