ПРОДОЛЖУВА ПРОГРАМАТА ОД ЈУБИЛЕЈОТ „1000 ГОДИНИ РАДОВИШ“

Во рамките на големиот јубилеј „1000 години Радовиш“ и програмата којашто општината ја организира за таа цел, следуваат две манифестации со кои ќе го одбележиме меѓународниот ден на книгата за деца и ќе се организира првиот „Радовишки детски карневал“.

На 2 Април (вторник) со почеток во 12:30 час. во Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи манифестацијата „Растеме со бајките на Андерсен“ на која преку работилница, нарација и други активности со дечињата од детската градинка и ученици од основното образование ќе им бидат доловени сите пораки од најпознатите сказни на големиот детски писател Ханс Кристијан Андерсен којшто е роден на 2 Април 1805 год.

Манифестацијата ќе биде збогатена со учеството на најголемиот македонски поет за деца, Стојан Тарапуза којшто ќе има средба со дечињата.

За прв пат во Радовиш на 5 и 6 Април во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ ќе се одржи Радовишкиот детски карневал под мотото „Да се маскираме во боите на виножитото“.

Со ова, досегашниот традиционалниот маскембал „Априлијада“ се произведува во детски карневал, со којшто започнува една нова приказна со која во иднина ќе се промовираме како карневалски град, препознаен од федерацијата на европските карневалски градови.

Да уживаме заеднички во магијата на маските и тетарот под отворено небо, креативноста на дечињата и убавините со кои ќе се гордеме и сега но и во иднина.
Ве очекуваме.

 

 

 



 

 




 




Related Articles

Временска прогноза