РК Радовиш денес во Срц „25 мај“ го одигра првиот натпревар од Плеј-Аут разигрувањето за оваа сезона.
Нашите ракометари не успеаа против гостите фаворитот од Струга, во еден добар натпревар каде што доминацијата РК Радовиш ја имаше во текот на цело прво полувреме, но вториот дел со младинците кои добија шанса во овој натпревар не успеаа да остварат позитивен резултат.
РК Радовиш и покрај поразот денес, е надвор од критичната зона за испаѓање, и во следите натпревари очекуваме подобра игра и барем пет победи.
РК РАДОВИШ – РК СТРУГА 28-35 (14-14)