Екипи на ЈЗУ „Здравен Дом“ Радовиш денес спроведуваат акција за проверка на шеќер во крвта и крвен притисок.
Овие акции се по повод „Светскиот ден на здравството“ и редовните вакви акции кои се спроведуваат од нашиот Здравен дом.
Преку 50 наши сограѓани веќе беа прегледани и проверени нивните состојби со шеќерот во крвта и крвен притисок.