ГРАДСКОТО ДЕРБИ „ФК ДЕТОНИТ-ФК ПЛАЧКОВИЦА“ СО РЕМИ

Денешното големо градско дерби заврши со нерешен резултат 0-0.

ФК Детонит беше домаќин во денешниот натпревар од 21 коло од Втората фудбалска лига, каде што нашите две екипи ремизираа и можеби најдоброто што и двете екипи на своето бодовно салдо додадоа уште по еден бод.

Целиот натпревар беше динамичен со голем број на акции, но без ефективни реализации и постигување на гол. Радовишани кои дојдоа во голем број на Градскиот стадион, уживаа во мајсториите на нашите фудбалери.

Треба да се спомне дека денешниот натпревар беше тежок за играње бидејки теренот беше во една водена состојба бидејки пред самиот почеток имаше значителни врнежи од дожд.

Сепак оваа градско дерби ќе остана за сеќавање бидејки нашите екипи и двете посакуваа победа и го дадоа максималното на теренот, но и овие бодови се добредојдени на нивното салдо бидејки и двете се во долниот дел на табелата и границата за испаѓање од лигата.

Се надеваме дека во следните натпревари и ФК Детонит, и ФК Плачковица ќе бидат поуспешни со реализациите и не израдуват со победи.

ФОТО ГАЛЕРИЈА  ФК Детонит-ФК Плачковица


Резултати
Тиквеш – Вардар Неготино 3-0
Детонит јуниор – Плачковица 0-0
Кожуф – Саса 2-1
Борец – Партизан Обршани 3-0

Утре
Велес: Брегалница-Кит-Го


 



 




 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза