Општина Радовиш започна со реализација на еден голем инфраструктурен проект изградба на улица бр.10 во село Ињево.
Се работи за урбанизирање на земјена улица во должина од 545 метри, а во оваа фаза ќе се реализираат земјените работи, по што ќе следи тампонирање и асфалтирање на вкупната површина како и изведба на атмосферска канализација и бехатонски тротоари. Во должина од 200 метри ќе биде заменета и старата водоводна инсталација.
Со релизацијата на оваа улица жителите од овој дел на селото ќе добијат урбанизиран пристап до своите домови – истакнуваат од општина Радовиш.