ПОЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „ ПРОЛЕТ НА СРЕБРЕНИТЕ СОНИШТА“

„Секое дете се раѓа како уметник, наша задача( здача на возрасните) е да се потрудиме тоа и да остане.    П. Пикасо

 

Два дена Радовиш, родниот град на македонскиот Рембо на 20 век, пулсираше во духот на поезијта за деца и млади.

По вторпат оваа година се одржа поетската манифестација за деца и малди

„ Пролет на сребрените соништа“ – 2019.

Свеченото отварање се случи на 20-4 -2019 година  во Центарот за култура „ Ацо Караманов„, каде наградените ученици од целата наша земја како и наградените ученици од Р. Србија пред преполната сала ги прочитаа своите наградени творби, избрани на предходно распишан конкурс.

Жири- комисијта имаше тешка задача од повеќе од триста престигнати творби требаше да се изберат само 25!

Исто така на свеченото отварање се случи и промоцијата на најновата книга за деца на писателката Вера Андон „Тајната на црвената гума“. Оваа книга е  интересна  не само покрај нејзината содржина  туку  и по  илустрациите кои согласно содржината на книгата ги изработи Невена Поцкова, ученичка во седмо одделение во ООУ„ Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш.

„ Оваа книга е напишана одамна, уште пред да се родиш ти, јас ја чував и сонував еден ден да пронајдам дете- илустратор. ……. и пронајдов! Ете! Ете, како понекогаш соништата на возрасните може да ги исполни едно дете…….Овој пат тоа е Невена“………. Истакана писателката на промоцијта, среќна што Невена Поцкова, тајната на нејзината црвена гума ја преточи во прекрасни слики и целосно ја заоокружи приказната.

Со промоцијата на „ Тајната на црвената гума“ првиот ден од Манифестацијата беше затворен, а Манифестацијата продолжи наредниот ден 20-4- 2019 година.

Најпрво со заедничка прошетка на учесниците до манастирскиот комплек  Св. Ѓорги во с. Ораовица,  за потоа да продолжи со ликовно- литературна работилница на тема :

„ Народното творештво- предизвик и инспирација за идните генерации“

Работилницата се одвиваше во ОНБ„ Браќа Миладиновци“ – Радовиш, работилницата ја водеа Ксенија Трајчева Маказлиева и проф. Ана Витанова Рингачева, кои на еден необичен, суптилен и инспирирачки начин на присутните ученици им ја доближија народната литература и ги поттикнаа да создадат свои творби кои беа наградени.

Два дена „ Пролет на сребрените соништа“ ги инспирираше, наградуваше и поттикнуваше децата да создаваат, да творат и да се натпреваруваат со перото и острата мисла запишана на хартија.

На Манифестацијата се родија нови пријателства, нови песни, нови басни, нови илустрации кои до следното издание на Манифестацијата учесниците  ги понесоа со себе во своите родни градови.

Организацискиот одбор на „ Пролет на сребрените соништа“ им се заблагодарува на своите пријатели и поддржувачи.

Општина Радовиш, која финансиски ја поддржа  Манифестацијата, ООУ„ Крсте Петков Мисирков“- Радовиш кое  и оваа година беше домаќин на Манифестацијата. Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија, кој заедно со Здружението на граѓани „ Невена – за тебе, за мене, за нас“ беше организатор за Манифестацијата ,  издавачката куќа Просветно дело – АД Скопје , која  ги обезбеди наградите за сите учесници на Манифестацијата.  

 

 

 




 




 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза