Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Радовиш, во соработка со Детската градинка „Ацо Караманов“ објект Цветови и ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш по повод „Неделата на хигиенизација“ денес организираше предавање под мотото „Јасно е, Чистите раце спасуваат живот“.
Предавањето беше од страна на Д-р Стојанче Зафиров“ лекар од итната медицина при ЈЗУ„Здравствен дом“ Радовиш, истото беше од интерактивен тип, за полесно да се долови суштината на значењето и начините на одржување на личната хигиена и за здравите хигиенски навики кои не водат кон подобро здравје.