Поврзана е зградата на општината со полициската станица со патека и рампи за лица со попреченост, со што е овозможена напречена комуникација. Воедно се уредува хортикултурно дворното место – паркот кон кејот.
Исто така како Велигденска честитка, станарите од колективните станбени згради добија нов паркинг за 20 возила на улица „Самоилова“ со што се заокружи партерното уредување во оваа станбена зона.
По празниците ќе се продолжи со реализација на овој проект на Кеј „8-ми септември“ од Ул. „Плачковички одреди“ до Ул. „Лисец“, тротоарите на мостот на Ул. „Илинденска“ и Ул. „Партизанска“ како и на уште многу јавни површини предвидени со овој проект.
Изведувач на работите е градежната фирма Техноинженеринг од Радовиш, а вкупно ќе бидат изработени околу 2.500 м2.