ФК Детонит денес на Градскиот стадион во Радовиш го одигра натпреварот против екипата на ФК Партизан од Обршани.
Во овој натпревар уште на самиот почеток се виде дека гостите нема што да бараат во Радовиш, првите два гола во 10 минути од првото полувреме покажа дека сите бодови ќе останат во Радовиш, до крајот на полувремето нашите фудбалери постигнаа уште еден погодок со што заминаа на паузата.
Второто полувреме беше во знакот повторно на ФК Детонит, можат да жалат што не реализира уште 5-6 чисти шанси за постигнување на гол.
ФК ДЕТОНИТ – ФК ПАРТИЗАН 5-0 (3-0)